Жените стануваат сè порамноправни во технолошкиот сектор

61

Вкупно 56% од жените кои работат на технолошки работи забележале дека нивото на родова рамноправност во нивната организација е подобрена во последните две години, покажуваат анализите.

Исто така, 70% од жените се сложиле дека нивните вештини и искуство при пријавување за својата прва ИТ или технолошка позиција се земени предвид пред полот на којшто припаѓаат.

Тој напредок во краток временски период претставува позитивен исчекор кон инклузивност во рамки на секторот. Позитивно е и тоа што 69% од испитаните жени се уверени дека нивното мислење се почитува од првиот момент кога застануваат на технолошката позиција.

Зголемено е нивото на работа од дома во текот на изминатата година, а 46% од жените се согласни дека родовата рамноправност е унапредена меѓу тимовите кои работат од далечина. И покрај глобалното подобрување на перцепцијата околу застапеност на половина, 38% од жените тврдат дека недоволната застапеност на жените во технолошката индустрија ги прави да бидат внимателни кога влегуваат во секторот.

Исто така, 44% од испитаничките сметаат дека мажите напредуваат многу побрзо од жените во технолошкиот сектор.

Фото: Pexels