На површина од 2.099 метри квадратни во луксузниот St. Regis Saadiyat Island резорт во Абу Даби, се простира Кралскиот апартман, кој е воедно и најголемиот хотелски апартман во Обединетите Арапски Емирати. Доаѓа со сопствено кино, соба за игри, спа центар и сауна, како и надворешен базен.
Луксузниот апартман кој беше отворен за гости минатата недела, ги зазема двата најгорни ката на западното крило од хотелот, а престојот во него чини 35.000 долари за една вечер.
Во дневната соба, каде се наоѓа големо пијано, гостите ќе можат покрај музиката да уживаат и во неверојатниот поглед на Арапскиот залив. Апартманот е декориран во пастелни и сини тонови.
Трпезаријата е доволно голема за удобно да се сместат 12 луѓе, а за носење на јадењата е одговорен батлер.
Мастер спалната соба се простира на целиот долен кат и вклучува простран плакар, соба за облекување, спа, сауна, бања со поглед на океанот, две туш кабини и када.