Компаниите за крстарење наплаќаат до 20 долари за половина час интернет пристап. Доналд Страхан, експерт за технологија, објаснува дека бродовите за Wi-Fi најчесто користат сателитска технологија и затоа се слаби конекцијата и брзината. Skype и видео-стримингот најверојатно нема да работат или ќе прекинуваат цело време. За брз и бесплатен Wi-Fi, најдобро е кога ќе застане бродот на пристаниште, патниците да го следат екипажот. Тие најдобро знаат каде може да се “фати“ бесплатен Wi-Fi, пренесува Business Insider.
Во повеќето компании, Wi-Fi се наплаќа според тоа колку се користи и отприлика чини 0,75 долари за минута. Но, има и припејд пакети што чинат поевтино, од 20 до 50 долари за час, во зависност од компанијата.