Видео: Танц на 100 дронови за Гинис

44

intel

Intel и австриската компанија Ars Electronica FutureLab го развија и реализираа проектот Drone 100 и со помош на технологијата на Intel го соборија светскиот рекорд за најголем број беспилотни летала во симултан лет. Во ноември, на аеродром во близина на Хамбург, Германија, 100 дронови со LED светла цртаa разни 3D облици и пораки на небото, сето тоа во придружба на оркестар што ја свиреше Петтата симфонија на Бетовен.

Во проектот учествуваа четири пилоти. Секој од нив управуваше со по 25 дронови. Дроновите летаа на висина од просечно 120 метри, а кулминацијата на кореографијата беше логото на Intel испишано на небото. По скоро седум минути во воздух, сите 100 дронови се симнаа на предвидените позиции, стои во соопштението.