Како вашиот старт-ап да прерасне во успешна бизнис приказна

39

skali-oblaci-pixabay

Фото: Pixabay

Да се однесе еден старт-ап од првобитната фаза до глобално успешна компанија е тежок, но и наградувачки предизвик. Без разлика дали е ваш прв, втор или трет обид за градење на бизнис приказна, следниве три лекции можат да ви помогнат полесно да го изодите претприемачкиот пат.

Проширување на маркетинг гледишта

Без разлика колку и да сте се рекламирале пред публиката, луѓето нема да ви веруваат сè додека не слушнат за вас од други. Затоа за време на старт-ап фазата компаниите треба да го насочат маркетингот кон позиционирање на производот/услугата и валидација од трети лица. Со тоа ќе оставите свој компетитивен печат на пазарот. Посејте го семето во земјата и освојте ги симпатиите на пазарот. Како што ќе напредува бизнисот, фокусот од опстанок ќе се пренасочи на лидерство. Клучно ќе биде да умеете на потенцијалните клиенти да им одговорите на прашањато “Зошто да ве одбереме вас?” Сите марктинг пораки, производи, услуги и процеси треба да целат кон објаснување на прашањето. Ако умеете добро да одговорите и да се покажете на дело, успехот ќе биде неминовен.

Размена на идеи/техники

Без ефективни продажни стратегии е речиси невозможно команиите да растат и напредуваат. Затоа насочете се кон размена на идеи преку директни и индиректни продажни канали во сите географски региони, со цел да направите пенетрација на пазарот. Користете директни продажни канали за најсофистицираните клиенти и индиректни за останатите. За брз раст и развој на бизнисот треба прво да ги идентификувате можностите на вашиот продажен пристап и потоа да ги селектирате вистинските тактики во сите продажни канали.

Финансиите се многу повеќе од сметководство

Кога компанијата ќе стане препознатлива и успешна постојат алатки и процеси што треба да се имплементираат. Ќе дојде време кога ќе треба да ги замените едноставните апликации и табеларни пресметки со софистицирани системи коишто ќе придонесат за растот на компанијата и ќе се справат со разните прописи. Ова ќе повлече ново ниво на вештини во финансискиот и административниот тим и ќе биде инвестиција што ќе се исплати со понатамошното ширење на бизнисот. Како што компанијата ќе почне да привлекува инвеститори и финансиски менаџери, ќе ви биде потребен експерт од полето на финансии, (CFO) кој/а ќе има активна улога во позиционирање на компанијата. Еден способен финансиски експерт ќе знае како да разговара со инвеститори, партнери и финансиски аналитичари и ќе им помогне да ја разберат приказната зад вашата компанија.