Најчести причини за неуспех на стартапите низ бројки

35

hartija

Фото: Pixabay

Најголем број од стартапите во светот пропаѓаат и не постои една причина зошто или формула како тоа да се спречи. Веб страната CB Insights којашто се занимава со анализи од сферата на бизнисот, состави листа на 20-те најчести причини за неуспех на стартапите базирана од искуството на основачите и 101 пропаднат бизнис.

Најчесто стартапите пропаѓаат поради повеќе причини, а еве како низ проценти изгледа листата со најчестите причини за неуспех.

Недоволна потреба од производот/услугата на пазарот 42%

Недоволно финансии 29%

Нефункционален тим 23%

Конкуренција победила 19%

Проблеми со цените 18%

Недоволно развиен производ 17%

Недостиг на бизнис модел 17%

Лош маркетинг 14%

Игнорирање на клиентите 14%

Производ пласиран во погрешно време 13%

Недоволно фокусирање 13%

Несогласување на тимот/инвеститорите 13%

Неуспех на план Б 10%

Недостиг на волја 9%

Лоша локација 9%

Немање интерес за финансирање/инвестирање 8%

Проблеми со законот 8%

Немање на советници 8%

“Прегорување” 8%

Неуспех при промена на стратегија 7%