Poet on the Shore – робот што шета на плажа и пишува поезија на песок

42

img_0162-copy

Фото: Poet on the Shore

Роботот Poet on the Shore, проект на дизјанерот Јухи Лиу, се движи по плажа и пишува поезија користејќи вештачка интелигенција, пишува Trendhunter.

Роботот ја истражува плажата, ги слуша звуците од околината и ги претвора тие информации во поезија.

“Роботот ужива во глетката од морето, ги слуша звуците од брановите, шумовите на ветровите, детските разговори и вревата од морските птици. Понекогаш пишува поезија на песокот и гледа како брановите ги бришат буквите“, вели Лиу.

Poet on the Shore има голем број на сензори коишто овозможуваат да го “чувствува“ светот околу него (морето, ветерот, звуците…) и креира асоцијации коишто ги пренесува на песокот без човечка интервенција.