Фото: YouTube
Компанијата од Чикаго Trixi Studios, која се занимава со проширена и виртуелна реалност, претстави апликација за iOS којашто креира Take on me сценографија во домот на корисникот.
Култниот спот на групата A – ha за песната Take on me, во времето кога е направен бил креиран 16 недели за да се создаде спој на вистинските и нацртаните снимки. Денес, потребен е само iPhone за да се направи ваква сцена, пишува Engaget.