Wolverine – патничка торба што “сама се закрпува”

50

Slughaus, компанија со седиште во Сан Франциско, ја создаде првата патничка торба што сама се закрпува доколку се скине. Wolverine е креирана од специјален материјал наречен FuseFabric™ , што треба само да се протрие со прстите за да ја затвори секоја дупка или пукнатина.

Торбата е лесна, со минималистички дизајн, водоотпорна и доаѓа заедно со каиш којшто може да се вади и става по потреба. Wolverine се собира и шири во зависност од товарот што го носи, а кога не се употребува зафаќа простор колку еден мобилен телефон. Основата на торбата има двојна заштита од 15 сантиметри што обезбедува екстра цврстина за носење на поголема тежина.

Wolverine е лесна и издржлива, ја има во две бои, темна портокалова и металик сива, нејзиниот дијаметар изнесува 18 сантиметри, а должината 56 сантиметри. Торбата има своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter и досега има собрано над 73.000 долари од побараните 10.000.
c5d471a0d83bbd2c39ab54895a6fa760_originalФото: Kickstarter