Google Clips – камера што “знае” кога треба да снима и фотографира

43

2017-08-21_wojack_create_austin_03161-width-1000

Фото: Google

Најновиот производ на гигантот Google е камерата Google Clips што со помош на вградена вештачка интелигенција знае кога треба да снима видео или фотографира. Корисникот треба само да ја постави на соодветно место и да “влета” во кадарот, стои во соопштението.

Google Clips доаѓа со држач којшто овозможува камерата да се постави на различни површини и да стои стабилно додека работи.

Таа е ултра лесна и кога фотографира бара стабилни и јасни кадри на луѓето што ги знае, информација што претходно ја учи од корисникот. Фотографиите и снимките веднаш се префрлаат од камерата до Google Clips апликацијата за Android или iOS и на корисникот останува дали ќе ги зачува или избрише.

Цената на Google Clips е 249 долари.