Aibo е слатко куче – робот опремен со вештачка интелигенција што умее да се однесува како да е вистинско, пишува CNN. Производителот Sony се надева дека врвниот дизајн и перформансите на Aibo ќе придонесат да ги освои симпатиите на купувачите.
Роботот може да ја мрда опашката, да брка топчиња, но и да учи нови трикови од сопственикот.
Aibo е подобрена верзија од неговиот претходник што беше претставен во 90-тите. Тој има очи што покажуваат различни изрази и уста што умее да се смее. Извршниот директор на компанијата, Казуо Хираи изјави дека роботот ќе почне да се продава во Јапонија од јануари 2018 година, а цената ќе биде 1.740 долари.
Фото: Sony