Фото: Pixabay
Преговарањето е составен дел од бизнисот. Затоа е многу важно добро да се совлада вештината на преговорањето, која ќе ви помогне да се изборите за добра позиција во деловниот свет. Еве еден мал водич со корисни совети наменет токму за тоа.
Научете се да ги читате потребите на другата страна.
Преголема подготовка не постои.
Започнете со визуелизација на тоа што може да добиете, а не на тоа што би загубиле.
Секогаш бидете спремни на компромис.
Бидете флексибилни, тоа е знак на храброст, не на слабост.
Дефинирајте ги целите, а потоа подредете ги според важноста.
Тоа што е невозможно да се оствари, воопшто не го спомнувајте.
Бидете внимателни, другата страна може да има скриена агенда.
Добро истражете кој ќе ја претставува другата страна во преговорите.
Никогаш не покажувајте знаци на незадоволство и фрустрација.
Пристигнете малку порано, ќе бидете порелаксирани и поуверени.
Преговарањето не треба да се оддолжи повеќе од два часа без пауза.
Не ги откривајте сите ваши тактики одеднаш.
Местата за седење позиционирајте ги на еднаква оддалеченост.
Започнете ги преговорите со општи точки.
Потенцирајте ја потребата за договор од самиот почеток.
Обрнете внимание на зборовите од другата страна, но и на тонот на гласот.
Не зборувајте доколку немате да кажете нешто релевантно.
Обрнете внимание на предлозите на другата страна.
Користете хумор кога е соодветно, но не се обидувајте да делувате премногу паметно.
Почекајте другата страна да заврши пред вие да одговорите.
Учествувајте само во аргументи кои се конструктивни.
Бидете внимателни, клучните сигнали се случуваат во секунди.
Верувајте му на инстиктот кога станува збор за говорот на телото.
Поставувајте прашања од типот КАКО, со тоа ќе дадете до знаење дека сте отворени за компромис.
Во ниеден момент не ја потценувајте другата страна.
Избегнувајте важни преговори на крај на денот, тогаш нивото на енергија е најмало.
Не ги игнорирајте прашањата, само за да ги забрзате преговорите.
Бидете наметливи, но никогаш аграсивни при затворање на зделката.
Не потпишувајте ако не сте задоволни со договорот.
Бидете љубезни, но и упорни, со тоа ќе добиете почит.
Договорете датум за идни преговори, за да избегнете било каква штета.
Направете финален распоред за имплеметирање на договорената спогодба.
Оставете добар краен впечаток, тој може да биде исто важен како и првиот.