Дрон спаси група пливачи во Шпанија

76

Дрон наречен Auxdron, дело на стартапот GeneralDrones од Шпанија, спаси група пливачи носени од брановите во морето близу пристаништето Сагунто, пишува New Atlas.

Дронот којшто успешно ја изведе спасувачката акција, има осум мотори лоцирани на краевите од четирите “раце“. Изработен е од карбонски влакна и може да лета до 34 минути, време што се намалува на 26 минути ако носи два надувани појаси за спасување.

Целата ситуација со спасување била снимена од камера прикачена на дронот, а видеото можете да го погледнете во продолжение.

Фото GeneralDrones