Претставен првиот таблет што се витка во ролна

66

Научници од универзитетот Квинс во Канада го креираа MagicScroll, првиот таблет што се витка во ролна, пишува Human Media lab.

Овој иновативен уред се состои од флексибилен 7,5 инчен екран со 2K резолуција, а работи на принцип “намотување и одмотување“ околу централно 3D печатено, цилидрично тело коешто ги содржи компјутеризираните механизми на MagicScroll.

Таблетот може да се витка во ролна благодарение на две ротирачки тркала на двата краеви од цилиндерот.

Доколку корисникот сака подобро да види некоја информација, таблетот целосно се одмотува прикажувајќи поголем дисплеј. Кога уредот е замотан во ролна, истиот може да се користи и како телефон.

Фото:Youtube