Pacum е мини алатка којашто го извлекува вишокот на воздух при пакување, а функционира и како пумпа за производи на надувување.
Pacum може да го истисне воздухот од вакуум кеса/торба полна со алишта за една минута, работи на два начини “еко“ и “супер“ и престанува автоматски.
Тој, исто така, служи и за пумпање на гуми за пливање, разни топки за играње и слично.
Во комплет доаѓа со вакуум торби и додатоци, како и адаптер за компатибилност, наречен Padaptor.
Производот е дело на старт – ап од Хонг Конг и има своја кампања на платформата Kickstarter којашто трае уште 22 дена.
Првите испораки на Pacum се планирани за јуни годинава.