Фото: Facebook
Сервисот што нуди изнајмување на сместување, Airbnb и познатиот француски музеј Лувр даваат прилика за едно ноќевање во оваа позната француска атракција, пишува Forbes.
На 30-ти април, добитниците на наградата ќе може да видат како изгледа музејот откако ќе ги затвори вратите за посетители што секојдневно го посетуваат. Нивната вечер ќе заврши со спиење во специјално дизајниран простор во стаклената пирамида, што е посебно направен по повод 30 години од обнова на музејот.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од ова несекојдневно искуство може да се пријават до 12-ти април на овој линк.
Ова не е прв пат Airbnb да нуди ноќевање на необични локации во рамки на франшизата Night at. Досега на овој начин било организирано и сместување во Замокот на Дракула, Lego House и Shark Aquarium.