Винер Лајф осигурување подготви интересно изненадување за дечињата од домот за деца без родители 11 Октомври. Во заедничка соработка со познатиот уметник Милан Андов успеа да го разубави нивното место на живеење, преку интересни цртежи на ѕидовите во домот.
“Со овој интересен настан сакавме да ги изненадиме децата и воедно да го разубавиме домот во кој тие го поминуваат своето време. Со заедничко дружење и едукација од страна на познатиот уметник, одлучивме да им пружиме на децата едно интересно искуство и да оставиме белег во домот со уметничко дело изработено со помош на дечињата”, изјави Марина Меканџиева, маркетинг менаџер на Винер Лајф.
Во дружба и интеракција со уметникот Андов дечињата добија интересни цртежи со нивните познати цртани ликови кој ќе го краси домот во кој тие живеат. Интересни едукативни совети беа разменети со дечињата за тоа како треба да се црта, и на кој начин да си креираат своите омилени ликови.
“Исполнет сум и среќен, затоа што барем за момент успеав да го направам овој ден вистинска авантура исполнета со радост и насмевка кај сите дечиња од домот 11ти Октомври“, рече познатиот уметник Милан Андов.
Општествено одговорите активности се само дел од развојната стратегија на Винер Лајф, кои не застануваат тука, туку продолжуваат и понатаму со цел да помогнат онаму каде што е помошта е најпотребна.