Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Google на годинешната I/O за развојните програмери претстави многу новитети, а еден од нив беше и интеграцијата на Google Wallet сервисот со Gmail. Новата услуга ќе биде овозможена токму преку таа интеграција, со што во голема мера може да се промени начинот на кој разменуваме пари со семејството, пријателите, па дури и со деловниот свет.
Корисниците кои ќе ги поврзат своите банкарски сметки со Google Wallet ќе добијат бесплатни трансакции. Оние кои користат дебитна или кредина картична ќе плаќаат 2,9% давачки за извршените трансакции. Трансакциите ќе бидат ограничени на 10.000 долари.
Се што треба да сторите е да кликнете на симболот $ за да можете да “прикачите” пари покрај вашиот е-mail исто како да прикачите било кој друг документ.
Менаџерот за производи на Google, Тревис Грин нагласи дека новата опција ќе почне да се појавува на налозите кај корисниците кои имаат повеќе од 18 години веќе во текот на наредните месеци.
Со оглед на популарноста и репутацијата на Google, најверојатно ќе се случи овој начин на работење со пари да стане дел од секојдневниот живот.