Grawe osiguranje Sarajevo со одлични резултати за 2019 година

61

Grawe osiguranje d.d. Sarajevo оствари нето добивка од 1,2 милиони евра (2,52 милиони конвертибилни марки) во 2019 година, информира сараевски Indikator.ba, засновано врз финансискиот извештај на осигурителот доставен до берзата во Сараево.

Финансискиот резултат е подобрен за 23% во однос на претходната година кога изнесуваше околу еден милион евра.

Grawe osiguranje d.d. Sarajevo оствари вкупен приход од 30 милиони евра, што е за 7,6% повеќе отколку во 2018 година. Вкупните расходи изнесуваа 29 милиони евра и се за 7% повисоки од претходната година.

Осигурителната компанија остварила вкупна бруто полисирана премија на крајот на минатата година од 28 милиони евра, што претставува зголемување за 5,2% во однос на претходната година кога премија изнесуваше 26 милиони евра. Вкупната актива на друштвото сега изнесува 104 милиони евра. Компанијата има 27 филијали, 67 шалтери и вработува 388 работници.

Фото: Grawe osiguranje