Националното биро за осигурување излезе со извештај за податоците за осигурителниот пазар во Македонија за измината година. Во однос на 2018 година, бруто полисираната полиса за 2019 година е во пораст од 6,61%% и изнесува 10,58 милијарди денари.
Неживотното осигурување е со раст од 5,99% и изнесува 8,75 милијарди денари. Животното осигурување е со раст од 9,64% и со бруто полисирана премија на 1,83 милијарди денари. Кај неживотното осигурување забележан е пад само кај осигурувањето на имот со пад од 22,78% додека кај останатите сектори има раст кај АО (6,67%), каско осигурување на возила (4,23%), туристичка помош (12,26%), незгода (12,59%) и останати класи неживотни осигурувања (43,06%).
Кај осигурителните друштва кои работат во делот на неживотното осигурување, Триглав осигурување е на водечката позиција со удел на пазарот од 16,28%, следен од Еуролинк со 11,57% и на трето место е Осигурување Македонија со 10,6%.
Кај друштвата за животно осигурување, Уника Лајф бележи 2,25% раст на уделот на пазарот, 8,08% (12М2018: 5,83%), за сметка на уделите на Кроациja и Граве кои имаат пад за речиси 1%.