Euroins Insurance Group, според бројките од извештајот за работа на 2019 година, ја заврши како една од најуспешните години. Според извештајот, Euroins Insurance Group запиша нето добивка од 10,8 милиони евра, што е за 113% повеќе од 2018 година. Во однос на бруто полисираната премија на ниво на групација реализирани се 433 милиони евра, што претставува 32% повеќе од 2018 година.
Во однос на Северна Македонија, Евроинс во 2019 година, реализирала 13,3 милиони евра, што е за 21% поголема бруто премија. Овие резултати се должат на каско осигурувањето, каде што е реализиран скок од 10% и осигурувањето од авто – одговорност со скок од 6% во однос на претходната година. За изненадување е и скокот во делот на земјоделското осигурување, каде полисирале бруто премијата од 3,37 милиони евра. Нето – заработените премии реализираа скок од 20% додека добивката пред оданочување изнесува 820 илјади евра.
На ниво на групација, треба да се напомене и казната што ја доби од Романската управа за финансиски надзор која што го санкционираше Euroins во Романија со 100.000 евра. Казната е резултат на кршење на одредби од законот за осигурување од авто-одговорност во делот на процедури за решавање на побарувања на отштета. Утврдени се недостатоци во механизмите за внатрешна контрола на компанијата и неправилности со воспоставувањето на техничките резерви.
Фото: Euroins Insurance Group