Процесот на работа на осигурителните компании во Косово, само што беше пофален и доби позитивни оценки за успешната работа во 2018 година со нето добивка од три милиони евра, наеднаш како да се случи земјотрес и се сврти се наопаку, во негативна насока. Последните бројки објавени од страна на Централната банка на Косово, вкупниот биланс за работа на осигурителните компании генерира загуба од 2,8 милиони евра.
Бруто полисираните премии на полисите од неживотно осигурување бележат пораст во однос на минатата година кога изнесуваа 89,1 милиони евра и сега изнесуваат 95,7 милиони. Во однос на премиите за животно осигурување, се бележи мал скок и изнесуаат 3,5 милиони евра, во однос на 2018 година кога беа реализирани три милиони евра. Во однос на исплатените штети има скок од 28,7%, односно реализирана е исплата на бруто побарување во износ од 55,1 милиони евра.
Изминатата година во Косово е завршена со бројка од 13 осигурителни друштва со капитал од 194 милиони евра, што претставува скок во однос на 2018 година кога биле запишани 177 милиони евра.
Фото: EBRD