Бектеши: Со Јапонија имаме голем неискористен потенцијал во делот на трговската размена

72

Министерот за економија Крешник Бектеши денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Северна Македонија, Хиронори Савада. Министерот му посакал успешен мандат на амбасадорот во нашата земја и изразил задоволство од досегашната соработка.

На средбата е констатирано дека има има позитивен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, за што се констатирани и можности за натамошно унапредување.

Во таа насока Бектеши ја нагласил важноста од продолжување и интензивирање на заемната соработка на сите полиња, особено зајакнувањето на билатералната трговија и зголемувањето на јапонските инвестиции во земјата.

Министерот го информирал амбасадорот Савада за мерките кои што ги превзема Владата во изминатиот период за поддршка на економијата во справување со негативните последици предизвикани од пандемијата, при што информирал дека во наредниот период засилено ќе се работи во реализација на инвестиции во делот на инфраструкутирата и енергетиката, посебно во делот на гасификацијата како и обновливите извори на енергија.

„Работиме на развивање на економијата и создавање на услови за нејзин раст и развој по смирувањето на пандемијата, но и сите негативни страни да ги искористиме како можности во периодот кој следи. Посветени сме во поддршка на работниците и целокупната економија, но и привлекување на инвестиции. За нас од голема важност е соработката со земји како Јапонија со која имаме голем неискористен потенцијал во делот на трговската размена“, кажал Бектеши.

На средбата се најавени заложби за поголем број инвестиции од јапонски компании во земјава. Изразена е определба од Јапонија и за силна поддршка во делот на економијата и социјалата.