Брендот „Made in Germany“ се распаѓа

Извршниот директор на Дојче Телеком,Тимотеус Хетгес предупредува: „Поради големиот просперитет, во нас се вовлекла одредена ароганција. Но, етикетата „Произведено во Германија“ насекаде се распаѓа“.

Тој вели дека има големи проблеми со иновативната моќ на земјата. На пример, Германија е полошо од Грција кога станува збор за дигитализацијата на јавните услуги. „И во другите земји нема толку голем хаос на аеродромите како овде. И за жал, големите проекти често повеќе не функционираат за нас“, рече Хетгес, пренесува германски Билд.

„Станавме самобендисани. Но, да  бидеме самобендисани во кризи е фатално. Мораме да го вратиме прстот на раната и да го оправдаме тврдењето дека сме лидери во она што го правиме. Тогаш успехот не може да се спречи. Иновациите и инвестициите се клучевите.”

Првиот човек на Телеком е загрижен и за трендот на работа од дома. „Поради домашната канцеларија, изгубен е висок степен на виталност во нашето корпоративно седиште“, рече тој.

Многу вработени кои работат од дома од кризата со корона, исто така, потцениле што им значат на нивните колеги на меѓучовечко ниво и колку се важни личните мрежи, рече менаџерот.

Сепак, Хегес не сака да ги укине прописите. Се разбира, вработените можат да продолжат да работат од дома, нагласи тој.

„Но, работата од дома е исто така привилегија до одреден степен: добри 20.000 наши вработени се надвор со луѓе секој ден. Тие немаат шанса да работат од дома“, заклучи тој.