Осигурителната компанија Виена Иншуренс Груп по третиот квартал ја зацврсти лидерската позиција, држејќи речиси четвртина или поточно 23,7% од целокупниот македонски пазар на осигурување.
“Клиентите секогаш ни се поважни од бројките и процентите. Фокусот на нивното задоволство, динамичната ликвидација и експресната исплата на штетите, како и политика на фер цени прилагодени на околностите и економските можности – тоа се трите столба на нашата препознатливост меѓу граѓаните, кои со својата доверба не донесоа на врвот. Ние пак, со најмоќното реосигурување на пазарот, високата компетентност и експертиза и одличната достапност на продажната мрежа, целосно сме посветени да ја оправдаме таа доверба во сите фази на процесот на осигурување”, изјави Зоран Нарашанов, генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп.
Според официјалните податоци Винер Осигурување е лидер во решавањето на штетите, односно компанија со убедливо најмал број на резервирани штети.
Од компанијата велат дека успехот во овој сегмент се должи на ефикасниот процес на ликвидација на штетите, во рок од 24 часа, надополнет со нивна експресна исплата истиот ден по ликвидацијата.