Еднa од најголемите европски установи за медицинска нега, лоциранa во Германија, e погодена од дефектот на ИТ мрежи што се појави речиси насекаде во светот.
Германскиот универзитетски медицински центар Шлезвиг-Холштајн (UKSH) денеска ги откажа сите медицински процедури, наведува во соопштение на својата веб-страница.
Погодени се и нивни две филијали во градовите Кил и Либек, северна Германија. Затворени се и амбулантите.