Во Париз свечено беше отворено Олимпиското село за претстојните Олимписки игри, каде ќе престојуваат повеќе од 14.500 спортисти и помошен персонал. Олимпиското село зафаќа 54 хектари и се наоѓа северно од Париз.
По ОИ, селото ќе се трансформира во еколошки кварт од кој корист ќе имаат 6.000 жители и ќе има две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.
Остануваат уште седум дена до почетокот на Олимписките игри. Свеченото отворање е закажано за 26 јули во 19:30 часот. Игрите ќе траат до 11 август.
По Олимпијадата следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.