Флексибилниот LG смартфон доаѓа на европскиот пазар

38

LG-G-Flex-600x449
Јужнокорејската компанијата LG соопшти дека паметниот телефон LG G Flex ќе почне да се продава на европскиот пазар од декември, додека на домашниот пазар смартфонот ќе биде пуштен во продажба денес.

Од LG велат дека првиот оператор кој ќе почне да го продава LG G Flex во Европа ќе биде Orange France. Специфичноста на овој телефон е тоа што истиот е флексибилен и може да се витка од едниот до другиот крај. Компанијата потенцира дека смартфонот не треба да се споредува со Galaxy Round на Samsung кој се витка од една страна на друга, а ќе биде пуштен во продажба за Божиќ.

LG-G-Flex-Rumor

Цената на флексибилниот смартфон за европскиот пазар се уште не е позната, но од LG потврдувааат дека во Јужна Кореа истиот ќе се продава за приближно 700 евра.

Флексибилниот дисплеј може да биде навистина револуционарен. Доколку екранот може да се свитка на половина или во форма на цилиндар, тогаш производителите нема да мораат да се држат до конвенционалните правоаголни форми на телефони како досега.

LG_Flexible_Credit_KoreaTimes-578-80

Исто така, ваквите телефони ќе можат да имаат големи 20 инчни екрани, кои ќе можат уредно да се свиткаат за да бидат лесно преносливи во мала чанта. Тоа е визијата за иднината.

Смартфонот LG G Flex го користи истиот Qualcomm Snapdragon 800 процесор што го има и во Samsung Galaxy Note III и има камера од 13 мегапиксели и HD дисплеј од 720p, а благодарение на специјалната заштита, површинските гребаници на страните и позадината “магично” исчезнуваат.