
– Италијанскиот гигант за кондиторски производи „Фереро“ потврди дека е под истрага на Европската комисија за можно кршење на правилата за конкуренција.
Производителот на „Нутела“ и „Киндер“ објави дека претставници на ЕК вршат инспекции во канцелариите на компанијата, објави „Фигаро“.
Менаџментот на групацијата, која произведува и бомбони „Тик Ток“, изјави дека „компанијата целосно соработува и ги доставува бараните информации“.












