
Во согласност со својата посветеност кон обезбедување најдобро можно искуство за патниците и посетителите, ТАВ Македонија одлучи дека, сè до имплементацијата на потребната придружна инфраструктура, зоната Hug & Fly на Меѓународниот Аеродром Скопје, засега, ќе продолжи да функционира без промени во досегашните услови и правила за користење.
Зоната Hug & Fly останува достапна за бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање и земање патници.
ТАВ Македонија континуирано ги следи потребите на корисниците и текот на аеродромските операции, со цел да обезбеди безбеден, ефикасен и едноставен пристап до терминалната зграда за сите патници и посетители.













