Amoled – креативна алтернатива за статичните слики на беџовите

20

index-characters-2

Фото: Beam Authentic 

Американската компанија Beam Authentic нуди алтернативно решение за беџови, пишува The Verge. Amoled е мал екран којшто прикажува статични слики, но и слики во движење слично на опцијата GIF. Корисникот преку апликација може да си креира сопствен изглед.

Овој паметен беџ има амбиетално светло, сензори за забрзување, како и приклучок за микро USB. Се закачува преку магнет, што значи нема потреба од дупчење на облеката, ранецот и слично. Според Beam Authentic, беџот може да издржи 24 часа со едно полнење.

Екранот на Amoled е со димензии 400 x 400, а уредот моментално се продава на веб страната на компанијата за 99 долари.