Apple од OEM производителот нарача до крајот на годината десет милиони примероци на iPad мини, тврдат од The Wall Street Journal, што е во согласност со претходните гласини.
Презентација на уредот треба да биде 17 октомври, објави истиот извор кој се повикува на тајванските добавувачи на компонентите.
Во врска со главниот конкурент, Амазоновиот – Kindle Fire, нарачките на Apple се двојно поголеми, имено Амазон од неговите добавувачи наводно побарал пет милиони таблети за до крајот на годината. И покрај силната конкуренција, во Apple се очигледно убедени дека побарувачката за помали iPad да биде силна. И аналитичари сметаат дека на пазарот ќе одговорат позитивно на овој уред ,а предвидувањата се врз основа на популарни 7-инчен Kindle Fire и Samsung Galaxy Notea со екран дијагонала од 5,3 инчи. Apple iPad мини треба да има екран со дијагонала од 7,85 инчи и резолуција 1024 x 768 пиксели.
Според истражувањето на пазарот, уделот на Apple на светскиот пазар на таблет уреди во вториот квартал од годината е намален на 69% од 84% во 2010 година, кога оригиналниот таблет е претставен.