Ажурирајте го бизнис планот во вистинско време

139

biznis-plan-pixabay

Фото: Pixabay

Бизнис план е плански документ кој дава една насока на работењето на компанијата за одреден временски период. Обично тоа е период од година дена.

Многу претприемачи и менаџери мислат дека е доволно да се направи бизнис план пред да започнат со работа, како би добиле кредит од банка. Сепак тоа не е баш така.

Составување на бизнис план овозможува компанијата да постави јасни цели кои се однесуваат на продажбата, приходите од неа, профитот и ликвидноста во текот на целата финансиска година. Тој бизнис план треба да ги содржи следниве сегменти:

Преглед на околностите во кои се реализирал бизнис планот

Стратешки и финансиски цели за претстојната финансиска година

Маркетинг план

План за производство

План за набавки

Инвестициски план 

План на организација

План за човечки ресурси и

Финансиски план

Доколку станува збор за голема компанија, бизнис планот може да се дисперзира и да има поширока покриеност. Тогаш тој би опфатил на пример и план за истражување и развој, план за развој на информативниот систем и др.

Сепак, околностите во средината во која живееме брзо се менуваат, на пример нови конкурентски фирми, воведување на нови производи од постоечките конкуренти, излегувањето од работа на важни доставувачи за компанијата… и тогаш бизнис планот не одговора.

Некои цели стануваат недостижни, други лесно остварливи, а трети можат да се постигнат со ангажирање на дополнителни ресурси. Токму во тоа лежи вредноста на бизнис планот.

Тој треба да се ажурира, односно да се направи корекција на одредени делови/целини, на начин што ќе овозможи остварување на крајната цел.