Бектеши: Ќе ја завршиме годината со 7,1 отсто инфлација, стигнати сме на 2,1 плата за покривање на миминалната синдикална кошничка

48

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува годинава да ја завршиме со максимум 7,1 отсто инфлација. Тој денеска на прес-конференција во Владата рече дека веќе бележиме надолен тренд кој се очекува да продолжи и во наредните месеци.

-Последните три месеци се намалува инфлацијата. Убеден сум дека ќе ја намалиме на 7,1 отсто, а ако трендот на намалување прдолжи и во наредните месеци, по летото, мислам дека можеме да одиме и под 7,1 отсто, нагласи Бектеши.

Прес-конференцијата почна со анализа на потрошувачката кошничка. Бектеши најпрво укажа дека во методологијата што ја објавува ССМ инфлацијата е пресметана двапати и поради тоа, овие бројки, рече, не треба да се земаат предвид од август наваму – во делот на покриеноста на минималната плата со минималната синдикалната кошница.

Според министерот, моментно сме стигнати на 2,1 плата за покривање на миминалната синдикална кошница во однос на тоа што било претходно. Ако во 2012 година требале 3,9 плати, во 2013-та и 2014-та четири плати, од 2017 до денес имаме само надолен тренд.

-Од податоците за март се гледа дека ќе ни требаат под две минимални плати за да се покрие минималната синдикална кошничка. Тоа покажува дека Владата е целосно псоветена на зголемување на платите и на приватниот и на јавниот сектор. Во април ќе се исплаќаат платите согласно последната одлука, и во делот на минималната плата и во делот на линеарното зголемување во јавниот сектор од 2,175 денари. Споредбените анализи покажуваат дека оваа Влада е целосно посветена на утврдување минимална плата со која граѓаните ќе можат да го покријат месецот, подвлече министерот.

Фото: Pixabay