bioMASON – место каде тулите “растат”

70

gingerЈа сработив домашната задача. Тропнав кај многу научници и микробиолози и сите беа доволно љубезни да ми кажат дека не сум луда.

Џинџер Криг Досие е ко-основач и извршен директор на иновативниот старт-ап bioMASON којшто за создавање на своите производи – тули, користи процес стар милиони години. Компанијата е основана во 2012 година од страна на Досие и нејзиниот сопруг Мајкл.

Она што е навистина интересно е начинот на којшто се создаваат тулите. Во bioMASON тие се “растат” со помош на бактерии, при што не е потребно екстремно загревање како кај традиционалниот начин на производство. Тука тие самите се формираат од песок и микроорганизми коишто го забрзуваат процесот на создавање, слично како кај коралите во морињата.

3bricks-960x525_c

За да се создадат тулите потребни се четири дена, а готовите производи се доволно силни да се користат за градење на домови, комерцијални згради и останати градби.

Инвеститорите го препознаа огромниот потенцијал на bioMASON, па така стартапот доби 2,8 милиони долари во награди, грантови и фондови, вклучувајќи и половина милиони евра од лотаријата на Ричард Брансон – Postcode Lottery Green Challenge.

bioMASON_Photo Credit John Walder

Забрзување на природниот процес

За време на работењето во една дизајнерска фирма, во 2005 година Досие добила задача да пронајде еко варијанти за градежни материјали. Но, онлајн пребарувањата биле безуспешни, што ја поттикнало да размислува во таа насока.

Подоцна се преселува во Северна Каролина каде предава архитектура на Државниот Универзитет. Во 2009 нејзината мајка, кој била инженер и татко и кој работел во NASA, исто така започнале да истражуваат со цел да пронајдат начин за производство на еколошки ѕидарски материјали.

Досие била фасцинирана од коралите и начинот на којшто тие се формирале, нивната отпорност на ерозија и турбуленциите во водата. Откако ги направила потребите истражувања за тоа дали процесот може да се користи во создавање на тули, се консултирала и со стручни лица од кои добила позитивен одговор.

biomason

Според професорите од универзитетот, Досие го поттикна целиот процес со нејзината иновативна идеја дека биохемијата може да го направи за неколку дена она што геолошките процеси го прават за еден милениум.

Тимот на bioMASON денес вклучува 20 луѓе кои се стручни во разни области, од биологија и архитектура, до ферментација и инженеринг. Тулите ги произведуваат така што почнуваат со песок спакуван во правоаголни калапи на коишто потоа се накалемуваат бактерии. Самите микроорганизми се обвиткуваат околу зрната песок и создаваат јадра за формирање на кристали од калциум карбонат.

Следно е “хранењето” на тулите со збогатен специјален систем за наводнување. Наводнувањето се врши неколку дена со цел да се забрза процесот. Кристалите растат и ги пополнуваат празнините помеѓу зрната песок. По три до пет дена тулите се готови за употреба, а истата вода се користи и за следната серија на калапи.

biobrick-537x409

Иако станува збор за напредна техника, сето ова се случува пред нас во природата. Ако сте наишле на карпа составена од неколку делови вешто споени без простор меѓу нив, сте го виделе резултатот од природниот процес. Цврстиот материјал којшто ги држи различните камења (карпи) заедно честопати се нарекува биолошки цемент.

Да се остави трага

Според проценките на EPA (агенцијата за заштита на животната средина) и Досие, околу 8% од целокупната емисија на јаглерод диоксид во светот отпаѓа на производството на тули и слични градежни материјали. Но, иако потребата е голема да се премине на вакви производи, наоѓањето на клиенти кои би ја направиле промената е многу тешко, констатираат од компанијата.

Сепак, bioMASON успеа да потпише договор со две американски компании што произведуваат градежни материјали. Тулите што ги прави компанијата се очекува да бидат достапни за продажба следната година. bioMASON неодамна доби и 1,5 милиони долари, инвестиција од бизнис ангелите Acorn Innovestments.

BioMason-team-web_76950

Следниот месец компанијата се очекува да се пресели во новите простории во Research Triangle Park, Северна Каролина, каде ќе може да произведува и до 5.000 тули на секои два дена.

Еко-тулите можат да се произведат во различни форми и големини и се очекува достојно да им конкурираат на стандардните тули кога ќе се појават на пазарот.

“Нашата цел е да оставиме трага. Тоа е една глобална цел. Сакавме да направиме нешто што никој досега не го направил, да ги поместиме границите. И наместо да бидеме ‘помалку лоши’, ние сакавме целосно да го преправиме работите – на потешкиот начин”, вели Џинџер Криг Досие, жената која го препозна успехот.

Извор: Inc.com