
На настанот на кој се дискутираше за постигнувањата на Акцелераторот УКИМ во изминатите четири години и се презентираа најновите инвестиции, вицепремиерот изрази задоволство за фактот што Владата има креирано простор и систем кој овозможува развој и поддршка за раст на старт ап заедницата.
„За младите бизниси инкубаторите и акселераторите се исклучително важни и мислам дека досега имаме многу направено, но истовремено сум свесен дека за вас тоа не е доволно и дека треба уште. Бидејќи вие сте моторот на новото време, турбините на современите економии. Затоа веќе со години трпеливо го градиме еко системот кој ќе ви овозможи шанса. А за мене таа е најважна”, рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека силно верува во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, и порача тие ќе не воведат во четвртата индустријализација.
„Со вас можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите и да ги дигитализираме нашите компании и институции, и заедно со вас да работиме на поголема инклузивност и диверзификација, со единствена цел да имаме подобар економски и општествен развој”, кажа во неговиот говор вицепремиерот Битиќи и упати честитки за работата на Акселераторот УКИМ, за новите 3 инвестиции со што портфолио сега брои вкупно 10 стартапи.
Заменикот на претсетседателот на Владата, Фатмир Битиќи, упати честитки до младите бизниси, инкубатори и акселераторите кои добија инвестиција од Владата од над 500,000 евра и уште еден милион евра од други извори.