Фото: Pexels
Мал водич за тоа како правилно треба да се однесуваме кога сме на бизнис состанок, било да е тоа во канцеларијата или некаде надвор, на деловен ручек.
Секогаш кажувајте го целосното име
На бизнис состаноците секогаш претставувајте се со ваштето целосно име и презиме, но треба да обрнете внимание и како другите сакаат да бидат претставени.
Станувајте кога ве претставуваат пред некого
Доколку не станете, ќе бидете помалку забележани од другите. Ако случајно не сте во состојба да станете во тој момент, направете благ наклон нанапред.
Кажете благодарам еднаш или два пати
За време на деловниот разговор не го користете зборот “благодарам” повеќе од два пати. Во спротивно ќе делувате беспомошно.
Никогаш не го повлекувајте столот за гостинот
Пристојно е да ја отворите вратата за гостинот, но никако немојте да го повлекувате столот за да седне, без разлика дали е маж или жена.
Не ги прекрстувајте нозете
Експертите за бизнис бон тон велат дека тоа може само да направи притисок врз вените и дополнително да го отежни седењето кое може да трае со часови.
Внимавајте како покажувате кон нешто
Раката нека биде отворена, а прстите еден до друг. Покажување само со показалецот делува помалку агресивно.
Не ги средувајте чиниите
Откако ќе завршите со јадењето на деловниот состанок, не ги средувајте чиниите, тоа е работа на келнерите.
Како гостинот, така и вие
Ако гостинот после јадењето побара десерт и вие сторете го истото, не е пристојно да го оставите сам да јаде.
Домаќинот секогаш ја плаќа сметката
Доколку мислите дека гостинот ќе инсистира да ја плати сметката, тогаш најдете момент да станете од масата и да ја платите без гостинот да забележи. Со тоа ќе избегнете непријатна ситуација околу “расправијата” кој треба да ја плати сметката.
Внимавајте како ќе “излезете” од дискусијата
Во случај да сакате да ја напуштите дискусијата, треба да имате подготвено што да кажете. На пример можете да употребите реченици од типот “Мило ми беше… ” или “Се гледаме на следниот состанок…”. Пристојноста треба да биде на прво место, од почетокот до крајот на деловната средба.