Царинска управа: Bо втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата во наплатата на приходи, олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот денеска во Царинската управа беше одбележан Меѓународниот ден на Царината.

„Со гордост да кажам дека во изминатиот период постигнавме многу при што преземавме конкретни дејствија за олеснување на трговијата, подигнување на безбедноста и поттикнување одржлив економски раст. Во втората половина од 2024 година наплативме приходи од 65,2 милијарди денари или 4 милијарди денари повеќе од 2023 година, откриени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се 305 случаи на заплени што е за над 100 проценти раст во однос на истиот период 2023 година”, истакна директорот Бобан Николовски на настанот.

Царинската управа, како членка на Светската царинска организација Меѓународниот ден на Царината го одбележа под темата „Царините испорачуваат ефикасност, безбедност и просперитет”.