Делегирајте авторитет и одговорност навреме

118

delegiranje

Фото: Pixabay

Што добивате од делегирање на авторитет и одговорност? Добивате прилика да не губите време со решавање на едноставните задачи кои може да ги заврши некој друг со помалку знаење и искуство.

Притоа вие можете да се фокусирате на решавање на посложени задачи и проблеми во менаџментот на вашата организација. Откако ќе ги делегирате задачите, не се мешајте во тоа како се одвиваат работите. Фокусирајте се на резултатот.

Делегирањето е истовремено начин вработените да станат повешти во извршување на задачите. Тие вработени во иднина ќе бидат ваша десна рака, односно некој на кого ќе можете да се потпрете кога ќе ги реализирате вашите стратешки цели.

Еден од првите проблеми на кој претпримачите наидуваат кога компанијата ќе почне да расте е тоа што се обидуваат сите конци да ги држат во свои раце, да работат сè, да бидат прашани за сè и сешто.

Се плашат да ја предадат работата и тековните задачи на своите соработници, или пак мислат дека е полесно самите да сработат сè до крај, наместо да објаснуваат на другите што и како треба да се направи.

Така обемот на работа сè повеќе се зголемува, а претприемачот нема време да заврши сè што било планирано и да ги исполни ветувањата кон добавувачите, купувачите, вработените, партнерите… Имате премногу работа, а ефектите се помали. Затоа авторитетот и одговорностите мораат да се делегираат.

Авторитет е моќ на донесување одлуки, односно легитимно право на менаџерот и вработениот да донесат одлука. Одговорност е способност на поединецот да ја реализира поставената цел.

Авторитетот (овластувањето) и одговорноста се две страни на една паричка. Колкав е авторитетот, толкава треба да биде и одговорноста.