Ер Франс-КЛМ планира да купи удел во португалската авиокомпанија ТАП

Француската компанија Ер Франс-КЛМ планира да учествува во процесот на приватизација на португалската државна авиокомпанија ТАП, објави денеска Блумберг.

Се вели дека португалската влада размислува за продажба на најмалку 49 отсто од ТАП, а Ер Франс-КЛМ е заинтересирана да купи удел.

Извршниот директор на „Ер Франс-КЛМ“, Бен Смит, рече дека компанијата е подготвена да ја претстави својата „кандидатура во процесот на приватизација на ТАП“.