Facebook ги лимитира рекламите чија целна група се тинејџери

34

Facebook соопшти дека повеќе нема да им дозволува на компаниите да се рекламираат, а кои целат кон корисници на социјалната мрежа од 18 и помалку години на основа на нивните интереси и активности на другите интернет страници.

“Им даваме можност на луѓето да ни кажат што би сакале да видат врз основа на нивните интереси или активности. Заземавме повнимателен став и ги упативме компаниите како на друг начин да дојдат до помлада целна група“, се наведува во соопштението на Facebook.

Новата политика, како што пренесува Ројтерс, би можела да биде потврда за успехот на инициијативата покрената на повеќе групи, коишто застанале зад ставот дека таргетирање на тинејџерите претставува потенцијална опасност.