Шеснаесет македонски фармери до 16-ти ноември ќе посетуваат обука насловена Стекнување стручно образование за управување со земјоделски кооперативи, во Холандија.
Во рамки на обуката се планирани посети на кооперативи, групи на производители и фарми со цел размена на искуства за успешно управување со земјоделски задруги и развој на претприемништвото.
Според соопштението на Федерацијата на фармери (ФФРМ), обуката се базира на презентација на позитивни практики и знаења од Холандија како земја членка на ЕУ со значително меѓународно влијание во развојот на земјоделството што ќе резултира со зголемување на способноста, автономијата и компетентноста на македонските фармери за кооперативно управување.
Студискиот престој го организира ФФРМ во партнерство со Horti-Match од Холандија. Финансиската поддршка ја обезбеди ЕУ од програмата Доживотно учење.