FIFA го испраќа Playstation 2 во историјата

52

PlaystationПо 13 години на пазарот со повеќе од 155 милиони продадени примероци и повеќе од 10.000 игри, Playstation 2 ја заврши својата кариера на почетокот на годинава кога и официјално престана да се произведува.

Конзолата од шестата генерација најпрво беше пуштена во продажба во Јапонија, во 2000 година, а првиот ден беа продадени повеќе од 980.000 примероци. PS2 постигна огромен успех кога истата година се појави на американскиот и европскиот пазар, каде оствари профит од 250 милиони долари уште првиот ден.

Една од првите игри која што излезе за PS2 беше FIFA 2001, па токму затоа EA, компанијата која стои зад овој наслов одлучи на PlayStation 2 да му се приреди достојно испраќање заедно со 14-от по ред FIFA наслов за оваа конзола. Па така после септември PlayStation 2 официјално ќе отиде во пензија после долги години успешна кариера.

Кога прв се појави PlayStation 2 имаше 128-битен процесор Emotion Engine, PS2 мемориска картичка од 8 MB, 32 MB главна меморија и DualShock 2 џојстик.

Првата поголема измена се случи во 2004 година со претставувањето на играта GTA: San Andreas, која подоцна ќе прерасне во најпродаваната игра за PS2, со повеќе од 17 милиони продадени примероци.

Покрај San Andreas, тука беа и познатите серии на GTA, Final Fantasy и Metal Gear Solid,а на оваа конзола почна да се игра и God of War и Devil May Cry, кои подоцна почнаа да излегуваат за PlayStation 3.