Франција: Apple заработи казна поради забавување на старите модели на iPhone

68

Apple е казнета со 25 милиони евра за намерно забавување на постарите модели на iPhone, без да знаат потрошувачите.

Казната беше изречена од страна на францускиот регулатор за конкурентност и измама, којшто информираше дека потрошувачите не биле предупредувани за оваа акција од страна на Apple.

Во 2017 година, Apple потврди дека забавувале некои модели на iPhone, но дополниле дека тоа го сториле само за да го продолжaт “животот“ на уредите.

Инаку, многу клиенти долго време се сомневале, предупредувале и реагирале дека Apple ги забавува постарите iPhone телефони со намера за да ги поттикне клиентите да ги купат новите модели.

Во 2017 година, Apple издаде соопштение во коешто се вели дека литиум-јонските батерии во уредите станале бескорисни за да го обезбедат тековниот процес, бидејќи стареат со текот на времето. Тоа резултираше со неочекувано исклучување на iPhone уредот за да се заштитат електронски компоненти.

Практиката беше потврдена откако еден од корисниците на iPhone сподели тестови за перформанси на Reddit, сугерирајќи дека моделот iPhone 6S забавува значително, но одеднаш повторно забрзува откако се заменува со нова батерија.

Францускиот регулатор соопшти дека сопствениците на iPhone “не биле информирани дека инсталирањето на iOS ажурирања (10.2.1 и 11.2) може да ги забави уреди“.

Како дел од казната, Apple доби задача да прикаже известување на својата веб страница на француски јазик, во коешто се вели дека компанијата “стори кривично дело измамa на трговска пракса со пропуст“ и се согласи да ја плати казната.

Дали Apple сè уште ги забавува постарите ајфони?

Одговорот е да, бидејќи Apple ја потврди практиката во 2017 година, истата проблематика ја имплементираше и на уште неколку iPhone телефони, но потенцираше дека ефектите од управувањето со перформансите на овие понови модели може да бидат помалку забележливи заради нивниот понапреден дизајн на хардвер и софтвер.