Gemini, магнетни звучници со звучен ефект од 360 степени

49

zvuc

Фото: Gomoft

Компанијата Growtek претстави пар магнетни стерео звучници коишто може да бидат закачени на било која површина. Gemini се два индивидуални звучници кои дејствуваат истовремено за да создадат стерео ефект. Овие единици се неповрзани и се држат до било која магнетна површина, што го олеснува носењето на звучниците наоколу.

Компанијата ќе продава серија додатоци (ленти, приклучоци за велосипеди). Звучниците функционираат преку Bluetooth 4.2 TWS (True Wireless Stereo) така што корисникот ќе може да слуша музика насекаде.

Од компанијата велат дека овие звучници создаваат звучен ефект од 360 степени. Батеријата може да издржи осум часа, а се полни за 50 минути.

Поставени се на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да соберат 5.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште девет дена, а веќе имаат собрано 44.300 долари.