Ги воведовме европските стандарди за енергетска ефикасност во Македонија

432
prospera0
Златко Ангеловски, косопственик на Проспера, Куманово

Константно ги следиме потребите на граѓаните, ги набљудуваме трендовите во ЕУ и во соседните земји и се трудиме на пазарот на столарија да носиме новини од кои токму граѓаните ќе имаат најголем бенефит.

БИ: Колку време работи вашата компанија? Која е вашата основна дејност?

Проспера започна со работа во 2005 година, кога на пазарот во Македонија претстави сигурносни врати со солиден квалитет по достапни цени. Во минатиот период сигурносните врати беа луксуз достапен на мала група граѓани. Целта ни беше безбедниот дом од луксуз достапен само за богатите да го направиме достапен за секој граѓанин, во што и успеавме. До денеска со сигурносна врата имаме обезбедено над 30.000 семејства.

Се уште може да се каже дека сигурносните врати се наша основна дејност, но би потенцирал дека сме специјализирани за целокупната столарија (ПВЦ прозорци, внатрешни врати и сигурносни врати)

prospera2БИ: Какви услуги нудите? Колку време се чека од нарачка до монтажа?

Уште во првата година од работењето увидовме дека луѓето се недоверливи кога се одлучуваат да купат врата, недоверливи за квалитетот на истата, гаранцијата што се нуди, а највеќе од квалитетот на монтажата и сервисот како неразделен дел од монтажа. Беше потребен огромен труд за да ја добиеме довербата на купувачите, со почитување на дадените рокови, со квалитетна монтажа, брз сервис и цврста гаранција како на вратите, така и на монтажата. Сигурносните врати ги монтираме за еден ден од нарачка, додека старите купувачи ни се секогаш приоритет. Нашето мото е “Продажбата не е завршена со наплатата на производот”. На пријавените сервиси и рекламации реагираме максимум за 24 часа, од кои повеќето ги завршуваме во тековниот ден.

БИ: Колку луѓе работат на монтажите и во мобилните тимови?

За да се одржи континуитет во брзината на сервис и монтажа и за да може да се одговори на поголеми објекти, потребно е да се има голем број на екипи за монтажа. Ние во моментот располагаме со 14 екипи за монтажа на столарија и четири гипсерски екипи кои се неопходни за естетското финиширање на монтажа на столаријата. Без голем број на монтерски екипи при поголем бран на работа или при монтажа на посериозен градежен објект не би можеле да се постигнат дадените рокови. Овој проблем го имаат сите претпријатија со мал број на монтери.

prospera5БИ: По што вашата компанија се разликува од останатите во оваа бранша?

Константно ги следиме потребите на граѓаните, ги набљудуваме трендовите во ЕУ и во соседните земји и се трудиме на пазарот на столарија да носиме новини од кои токму граѓаните ќе имаат најголем бенефит. Пред две години откако започнавме да вршиме продажба на ПВЦ столарија, нискоемисионото стакло со исполна помеѓу стакла Аргон го вградуваме стандардно во секој прозорец, што е одамна стандард во земјите од ЕУ. Во земјите од ЕУ каде што има строги норми во енергетската ефикасност на материјалите, не смее да се вгради ПВЦ прозорец со обичнен термопан (флот стакла), бидејќи не ја задоволува нормата за топлинска изолација.

БИ: Има ли здрава конкуренција во Македонија?

Во моментот има голем број на компании кои се во дејноста, посебно на пазарот на ПВЦ столарија така да купувачите имаат избор од каде ќе ја набават столаријата. Прогнозирам дека следи прочистување на пазарот на столарија, претпријатијата што нудат производи со незадоволителен квалитет, претпријатијата со слабости во монтажа, претпријатијата со спори или никакви реакции на рекламации и сервиси нема да опстанат уште долго на пазарот. Општо познато е дека дампирање на цените на сметка на претходнонаведените работи е краткорочно.

Претпоставувам дека по предвиденото прочистување, на пазарот на столарија ќе остане само здрава конкуренција.

prospera1

БИ: Што планирате во иднина? Во која насока ќе го развивате бизнисот?

Насоката на развивање на бизнисот ја одредуваме според недостатоците на пазарот, во моментот гледаме слабост во понудата на внатрешни врати. Пазарот е преплавен со внатрешни врати со класична изработка на каси и крила, со дезен ограничен на 3-4 класични декора, ист тип на врати кои се продаваат со децении. Вратите со поразлична изработка, со заоблени каси, со потрендовски дезени се нудат по нелогично високи цени. За оваа година целта ни е пополнување на оваа дупка на пазарот, да понудиме квалитетни модерни врати по домаќински цени.

prospera3

prospera4

prospera6 prospera7