GlaxoSmithKline под истрага поради потплатување доктори во Полска

25

GskБританската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) се соочува со истрага поради потплатување доктори да препишуваат нивни медициски производи во Европа, пренесува британски Гардијан.

Оваа фармацевтска компанија, која што се поврзува со обвиненија за корупција во Кина и Ирак, се товари за слични сомнежи, овој пат во Полска.

Поранешниот претставник за продажба на компанијата, Јарек Висниевски, изјави дека (GSK) им плаќал на докторите да им препишуваат лекови од нивната компанија на своите пациенти. На хартија, како што вели тој, парите се наменети за едукација на пациенти со астма. Тој нагласи дека плаќал околу 100 фунти за склучените договори, по што се очекувале повеќе од 100 рецепти за дадениот лек.

Во рамки на оваа истрага во Полска се опфатени 11 доктори и еден регионален менаџер на британската компанија, кои ќе се соочат со обвинение за корупција.