Glenmorangie Originals – очила со арома на виски

72

Glenmorangie-sunglassesШкотската дестилерија Glenmorangie, каде што се произведува најдоброто виски на светот – шкотскиот малт, соработуваше со брендот Finlay & Co. и создаде очила за сонце какви што не сте “помириснале” досега.

Она што е невообичаено кај нив се дрвени рамки коишто се изработени од стари буриња каде некогаш се чувало виски при процесот на созревање, пишува The Spirit Business. Очилата се наречени Glenmorangie Originals, а освен рамката со арома на виски, интересен е и фактот што истите се рачно направени во 16 мајсторски чекори.

maxresdefault

Тие на себе немаат никакво лого од дестилеријата и едиствено што ги прави поинакви од останатите очила на брендот е мирисот на жестокиот пијалок.

Сепак, направени се само неколку Glenmorangie Originals и истите се нумерирани, а купувачите можат да побараат дополнително гравирање и персонализирање на очилата, како и додавање на диоптриски стакла. Еден пар вакви очила чини 380 евра.

Glenmorangie_Sunglasses_byFinlayandCo-2