Google+ го престигна Twitter

18

google-pexels

Фото: Pexels

Според извештајот што го објави Global Web Index, Google+ во моментов се наоѓа на второто место на листата најпопуларни друштвени мрежи, според бројот на корисници.

Истражувањето на Global Web Index вклучува 31 светски пазар што претставува околу 90% од вкупниот број интернет корисници. Резултатите покажуваат дека дури 51% од интернет корисниците во светот, користат Facebook, Google+ се наоѓа веднаш зад него со 25% корисници, додека Twitter е на трето место со 21% корисници.

Кога овие податоци ќе се претворат во бројки Google+ има 343 милиони активни корисници, Twitter нешто помалку од 300 милиони, додека најпопуларната социјална мрежа во светот, Facebook брои повеќе од милијарда корисници. Google+ бележи раст на бројот на корисници за 27%, Facebook за 33%, а Twitter дури за 40%.

Растот на бројот на корисници на друштвените мрежи во најголема мера се должи на извршните апликации за мобилни телефони, како и на оперативните системи Android и iOS.