Grawe планира преземање на Swiss Osiguranje во Црна Гора

82

Grawe осигурување, коeшто претходно оствари голем број аквизиции во Босна и Херцеговина, презема слични активности во Црна Гора. Според неофицијалните информации на Новости, Grawe има за цел да го преземе Swiss Osiguranje. Ова друштво, исто така, е мнозински акционер и во хотелската компанија FJORD од Котор со 65,88%, а со којшто позадински управува Алфа Инвест, сопственост на бизнисменот Веселин Баровиќ.

Grawe, коeшто нуди производи за животно осигурување, според весникот, би можел да стекне околу една третина од акциите на Swiss Osiguranje во првата трансакција, стекнувајќи квалификациски холдинг, а потоа и да го прошири бизнисот на неживотно осигурување и да ги купи останатите акции.

“Ние сме во преговори, но за конечна информација сè уште нема ништо и уште не е договорено. Голем број швајцарски акционери се во игра“, неофицијално изјави изворот од Grawe, кој не сакаше да му се открие неговото име.

На Grawe му беше издадена лиценца за работа во Црна Гора на 23 септември 2004 година. Осигурителната компанија е во сопственост на австрискиот осигурител Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац.

Во 2017 година, го купи Merkur Osiguranje за 1,39 милиони евра и ги презеде преостанатите средства од Atlas Life, банкротирана компанија за осигурување.

Во Босна и Херцеговина, Grawe oсигурување ги купи Atos Insurance од Бјелина, a од неодамна го купи портфолиото за животно осигурување на Дунав Осигурување.

Фото: Grawe